Политика на приватност

Оваа политика за приватност објаснува како Aktivnosti.mk ги собира, користи и заштитува информациите на своите корисници. Со користење на нашиот сајт, се согласувате со условите наведени во оваа политика.

Податоци што ги собираме

Податоци внесени од објавувачи на активности

Едукативните центри, академиите, спортските клубови и другите субјекти што објавуваат активности внесуваат:

  • Име на организацијата
  • Контакт телефон
  • Адреса
  • Веб-сајт
  • Линкови до профили на социјални мрежи

Овие податоци се јавно достапни на Сајтот за крајните корисници со цел да се олесни комуникацијата помеѓу објавувачите и заинтересираните корисници.

Податоци за крајни корисници

Сајтот не собира никакви лични податоци од крајните корисници. Пребарувањето на активностите е целосно анонимно.

Како ги користиме собраните податоци

Податоците што ги внесуваат едукативните центри, академиите, спортските клубови и другите субјекти што се речистрираат на активности.мк и објавуваат активности се прикажуваат на Сајтот за да им овозможат на крајните корисници да ги контактираат директно.

Права на корисниците

  • Објавувачи на активности: Може да ги ажурираат или бришат своите податоци во секое време преку нивниот профил на Сајтот.
  • Крајни корисници: Бидејќи Сајтот не собира лични податоци од крајните корисници, не се применуваат дополнителни права за пристап, измена или бришење.

Безбедност и обработка на податоците

Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели освен наведените погоре, ниту ќе ги проследуваме до трети лица. Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на податоците внесени на Сајтот.

Политика за колачиња

Сајтот користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер или уред што го користите при посета на aktivnosti.mk. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Колачињата придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Може да ги оневозможите колачињата преку поставките на вашиот прелистувач.