Овие Услови за користење го регулираат пристапот и користењето на веб-страницата Aktivnosti.mk („Интернет платформата“).
Со пристапување или користење на Интернет платформата, се согласувате да ги почитувате овие Услови.
Доколку не се согласувате, ве молиме немојте да ја користите Интернет платформата.
Дефиниции
- Интернет платформа: Aktivnosti.mk, платформа за објавување и пребарување активности.
- Објавувачи: Едукативни центри, академии, спортски клубови и други субјекти што објавуваат активности на Интернет платформата.
- Корисници: Сите посетители на Интернет платформата кои пребаруваат активности.
Користење на Интернет платформата
Дозволени активности
- Пребарување и информирање за активности во близина.
- Објавување активности од страна на овластени објавувачи.
- Контактирање на објавувачите за дополнителни информации.
Забранети активности
Не е дозволено:
- Внесување лажни или погрешни информации.
- Користење на Интернет платформата за нелегални цели.
- Промоција на несоодветна содржина, вклучувајќи дискриминација, навредливи или измамнички активности.
- Објавување на активности кои не се во согласност со законските и моралните норми.
- Објавување на активности кои не се во врска со објавувачот.
- Објавување на иста активност од иста категорија и на иста локација повеќе пати. Дупликатите ќе бидат избришани.
Обврски на објавувачите
- Да внесуваат точни, комплетни и валидни информации за нивните активности.
- Да ги ажурираат или бришат своите активности преку нивниот профил на Интернет платформата.
- Да ги почитуваат Условите за користење на Интернет платформата.
- Да се осигураат дека содржината што ја објавуваат не ги крши правата на трети страни
Одговорност за содржината
Објавувачите се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесените објави.
Одговорноста за содржината на објавените активности, сликите, профилите или
другите прилози лежи исклучиво кај објавувачите. Aktivnosti.mk го задржува правото за промена,
дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување,
како и за времено или трајно запирање на објавената активност. Aktivnosti.mk не ја сноси одговорноста за
содржината на објавените активности. Одговорноста за нив ја носат објавувачите. Aktivnosti.mk не дава
гаранција за квалитетот, целосноста, сигурноста или легалноста на објавените активности,
како и за комуникацијата на корисниците.
Интелектуална сопственост
Целата содржина на Интернет платформата, освен информациите објавени од објавувачите, е заштитена со авторски права.
Не е дозволено копирање, дистрибуција или измена на содржината без претходна согласност.
Измени на Условите
Aktivnosti.mk ги задржува правата за промена на овие Општи правила и услови во секое време.
Секоја измена ќе биде објавена на оваа страница, а продолжувањето на користење на
Интернет платформата значи дека се согласувате со новите Услови.
Ограничување на одговорност
Интернет платформата не е одговорна за:
- Прекини во работата на Интернет платформата.
- Штети или загуби предизвикани од користење на Интернет платформата.
- Дејствија или пропусти од страна на објавувачите или корисниците.
Контакт
За прашања или дополнителни информации, ве молиме контактирајте нè на info@aktivnosti.mk.